Интер го подготви новиот договор за Инзаги, се чека само Скудетото

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги наскоро треба да потпише нов договор, јавуваат италијанските медиуми.

„Нераѕурите“ играат одлично оваа сезона, во голем дел од првенството се на челната позиција и само е прашање на време кога и математички ќе ја освојат титулата. Токму тој момент се чека за официјално да биде потпишан новиот договор со тренерот кој го препороди миланскиот клуб.

Симеоне дојде во Интер во 2021 година, по ангажманот во Лацио и со својот сегашен тим освои два Купа и три Суперкупа на Италија. Лани стигна до финалето од Лигата на шампионите каде загуби од Манчестер Сити, а со Скудетото ќе ги комплетира трофеите во италијанскиот фудбал. Неговиот актуелен договор е со важност до 2025 година, а со новиот, би останал на „Џузепе Меаца“ уште две сезони - до 2027.