Инсиње: Сари е класичен предавник, мора да му вратиме за тоа

Доаѓањето на Маурицио Сари на тренерската позиција во Јувентус не беше најдобро прифатено во неговиот роден Неапол.

Откако три години беше тренер на Наполи, потоа и една во премиерлигашот Челзи, Сари ова лето одлучи да го превземе актуелниот шампион во Италија, екипата на Јувентус, а тоа лошо го прифатија навивачите на „небесно сините“.

Додека го предводеше Наполи, Сари често пати го критикуваше Јувентус поради помаѓање од страна на судиите, но „проголта“ се и седна на жешкото столче во клубот  од Торино.

За нас Наполитанците тоа беше класично предавство. Ви кажав неколку пати и ќе повторам. Но, ние мора да се сконцентрираме на себе и да се обидеме да ги победиме. Ја сонуваме шампионската титула и ќе се обидеме да ја освоиме, изјави повремениот капитен на Наполи, Лоренцо Инсиње.