Икарди: Мое е само да давам голови, за другото главна е - Ванда!

Капитенот на Интер, Мауро Икарди му донесе нов триумф на неговиот тим, но начинот на кој го направи тоа е неверојатен.

Во вториот дел од мечот Интер притисна кон голот на гостите од Удине, но немаа своја ноќ домаќините, па на крајот ВАР-технологијата досуди пенал за „нераѕурите“, па Икарди го постигна голот.

„Ми требаше нешто како ова, сметав дека би бил идеален момент да изведам ваков пенал и да добијам самодоверба. Најважно е што топката остана во мрежата. Испративме јасен сигнал по мечот во Лигата на шампиони кога бевме разочарани од тоа што се случи, но тимовите во Серија А би требало да се плашат од нас“, кажа Икарди.

Во меѓувреме Ванда Нара го прегледува договорот и очигледно Аргентинецот би можел наскоро да ја продолжи соработката со Интер.

„Таа преговара со клубот, а мое е да ја работам својата работа на теренот. Ќе ми каже кога ќе биде време да потпишам, па така не морам да се грижам за ништо“, вели аргентинскиот напаѓач.