
Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан, но ќе остане во Серија А!?
Ибрахимовиќ не мисли да замине во пензија, а наводно веќе добил понуда од Монца, која ја предводи тандемот Силвио Берлускони и Адриано Галијани, кои соработуваа и во Милан.
Галијани сака да го искористи пријателството со Ибрахимовиќ и да го убеди Швеѓанецот да одигра барем една сезона за Монца, која му нуди и загарантирана минутажа на искусниот напаѓач.
Монца во моментов се наоѓа на 13. позиција во Серија А со 34 бодови.