Ибрахимовиќ: Гвардиола се криеше од мене, не сакаше да се соочи со реалноста

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Шваѓанецот Златан Ибрахимовиќ, се присети на деновите поминати во каталонскиот гигант Барселона.

Швеѓанецот пристигна на Ноу Камп летото 2009 година од Интер за 70 милиони евра, постигнувајќи 22 погодоци на 46 натпревари. Тој го напушти клубот по расправијата со Пеп Гвардиола, со кого не можеше да најде заеднички јазик.

Никогаш не се расправавме од едноставна причина, поради што тој се криеше од мене и избегнуваше разговор лице-в-лице, не сакаше да се соочи со реалноста. По еден меч се вратив во соблекувалната, но тој не беше таму. Се криеше во собата и чекаше да си заминам. Кај неговата врата стоеше неговиот соработник кој чекаше да си заминам за да му каже: „Можеш да излезеш, Златан си отиде“. Инаку, тој е одличен тренер, но како човек... За мене најдобиот е Жозе Мурињо. Разговараме повремено, а тој имаше најголемо влијание врз мојата кариера. Се надевам дека наскоро ќе се врати на тренерската работа и сигурен сум дека веднаш ќе започне да освојува трофеи, додаде напаѓачот на Лос Анџелес Галакси.