Ибра доби незгоден подарок од Марота - дрес од Интер! (ФОТО)

Во Ријад, Саудиска Арабија се игра италијанскиот Суперкуп на кој учествуваат четири екипи, Интер, Милан, Јувентус и Аталанта.

Претставници на четирите клубови, Ибрахимовиќ (Милан), Фереро (Јувентус), Перкаси (Аталанта) и Марота (Интер) ја посетија италијанската амбасада во Саудиска Арабија, а претседателот на Интер го искористи моментот да го пецне Ибрахимовиќ.

Иако важи за Миланист, Ибрахимовиќ играше и за Интер, па Бепе Марота му подари дрес од нероазурите.

Ситуацијата беше незгодна бидејќи Ибрахимовиќ таму е присутен како претставник на Милан.

Вчера Интер со 2-0 ја победи Аталанта и се пласира во финалето, Милан може да биде таму ако денеска го победи Јувентус во второто полуфинале.