Хаверц синоќа испиша нова историја во Бундеслигата

Баер Леверкузен синоќа славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Фрајбург во рамки на првиот натпревар од 29.коло во Бундеслигата.

Стрелец на единствениот гол за „фармацевтите“ беше Каи Хаверц во 54-тата минута. Германскиот репрезентативец со 21 година стана најмладиот фудбалер во историјата на Бундеслигата што стигнал до 35 голови.

Сезонава тој има постигнато 11 голови и пет асистенции на 26 натпревари во Бундеслигата. 

Воопшто не е случајно што голем број на европски клубови меѓу кои и Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред. Тој во договорот со Леверкузен има откупна клаузула од 100 милиони евра.