Хаосот во Лисабон продолжува: Хулиганите на Бенфика им одат по домови на играчите (ФОТО)

Неполн ден откако го каменуваа автобусот на Бенфика, а двајца играчи на „орлите“ беа повредени после ремито на лисабонскиот гигант со Тондела, хаосот во престолнината на Португалија не престанува.

Бесните хулигани не запираат со навредите, па лудилото кулминира со тоа што тие одат од врада на врата кај играчите и им оставаат заканувачки пораки. Медиумите во Лисабон веќе објавија неколку такви пораки што хулиганите на Бенфика им ги оставиле на вратите на своите миленици.

Настрадале домобвите на Пици, Рафа Силва и на тренерот Бруно Лагеа.

Лудилото во Португалија во последните неколку години кулминира, а неодамна заврши судскиот процес против хулиганите на Спортинг, кои ги нападнаа фудбалерите меѓу кои и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски пред повеќе од една година, кога им влегоа во тренинг-кампот со качулки, а двајца соиграчи на Ристовски завршија во болница со повреди.