Халанд заврши со конци на лицето, а за тоа виновен е - капитенот на Арсенал (ФОТО)

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Ерлинг Халанд се здобил со повреда при излегување од автобусот во Осло, каде што се наоѓа со неговата репрезентација.

Халанд бил блиску до вратата на автобусот, која го удрила во лицето и притоа норвешкиот голгетер заврши со конци на лицето.

Виновник за повредата на Халанд бил неговиот сонародник и капитен на Арсенал, Мартин Одегард.

Норвешка во вторник од 20.45 часот ќе се соочи против Молдавија во квалификациите за СП 2026.

Фото: Facebook/Manchester City