Гвардиола се жали поради топките со кои се игра во ФА-купот!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го критикуваше квалитетот на топките со кои се играат натпреварите во ФА-купот.

„Граѓаните“ триумфираа против второлигашот Плимут и се пласираа во четвртфинале на ФА-купот, но Гвардиола не е задоволен од топките со кои се игра фудбал.

„Топката во Лига на шампиони е неверојатна, во Премиерлигата исто така, но оваа во ФА-купот не е добра. Тешка е за контролирање. Знаете ли колку удари имаше над голот? Погледнете друг натпревар, вообичаено по такви удари топката оди кон голот, а не над него“, вели тренерот.

Премиерлигашот имаше дури 29 удари кон голот на Плимут, а само девет од нив беа во рамки на конструкцијата.