Гвардиола откри голема тајна: Халанд станал татко за време на празниците

Во радоста по победата против Лестер со 2-0, менаџерот на Манчестер Сити, Жосеп Гвардиола откри една тајна која не требаше да излезе од него.

Сакајќи да ја оправда лошата форма на Ерлинг Халанд, тој откри дека норвешкиот напаѓач добил принова во семејството за време на празниците.

„Понекогаш е незаслужено критикуван, но тоа е дел од фудбалот. Уморен е, играше многу минути, а претходните денови стана татко за првпат. Тоа се многу емоции и возбудливи денови за него“, откри Гвардиола.

Халанд откри дека чека дете во текот на октомври, за време на репрезентативната пауза, но никој не знаеше кога точно треба да се породи неговата девојка.