Втора кошмарна вест за Олмо – доби забрана да игра и за Шпанија!

Шпанскиот репрезентативец, Дани Олмо, сè уште не е регистриран за настапи во Барселона, што според тамошните правила значи дека не може да биде дел од националниот тим на Шпанија.

Според неговиот договор, тој од 1 јануари е слободен играч, но и покрај тоа ќе остане на „Камп Ноу“. Неговиот менаџер, Енди Бара, изјави дека играчот не размислува за напуштање на клубот.

„Сè додека Олмо нема лиценца за регистрирани играчи, не може да биде повикан во репрезентацијата. Тоа значи дека до крајот на јануари или треба да најде клуб кој ќе го регистрира до крајот на сезоната, или Барселона треба да најде решение за да го регистрира. Додека не се случи едно од овие две, тој не може да игра за Шпанија,“ пишува „Мундо Депортиво“.

Позитивната вест е што репрезентацијата нема обврски и натпревари пред март, што му дава време за решавање на ситуацијата.