Судија машки се „пикна“ меѓу борците, па доби три силни удари по глава (ВИДЕО)
Инцидентот се случи за време на борбата помеѓу Руки Анпо и К-1 шампионот, Сине Каримијан. По моќен „спин удар“ од Каримијан, борбата се интензивираше, а судијата се обиде да ги раздвои натпреварувачките. Наместо тоа, тој доби неколку силни удари во главата.
Иако се затетерави, делителот на правдата остана на нозе и продолжи да ја контролира ситуацијата. По три удари, ситуацијата стана толку напната што обезбедувањето мораше да интервенира и да го врати редот во рингот.