Брера се раздели со Михаилов, струмичкиот клуб ќе продолжи со нов тренер

Брера Струмица направи уште една тренерска смена оваа сезона, овојпат го отпушти Горазд Михаилов по само четири месеци соработка.

Продолжува трендот на тренерски смени во најдобрата македонска фудбалска лига.

„Фудбалскиот клуб Брера ја информира јавноста оти по четиримесечен ангажман , договорно ја раскинува соработката со шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов кој зад себе остави печат и белег во работата на првиот тим. Михаилов во нашиот клуб дојде на почетокот на септември по заминувањето на Бојан Круљ од позицијата прв тренер“, стои во соопштението на Брера.