Гвардиола со јасна порака до Грилиш: Мора да се бори самиот со себе
Имено, Џек Грилиш бидејќи не е физички подготвен прво не беше во составот за натпреварот со Евертон, потоа средбата со Лестер ја гледаше од клупата, додека со Вест Хем одигра само седум минути.
На негово место повеќе минутажа добива Савињо кој во тие три дуели беше помеѓу најдобрите поединци на теренот и во нив постигна гол и подели три асистенции.
Ниту тренерот Гвардиола не криеше дека Савињо во овој момент има предност и испрати јасна порака до Грилиш.
„Мора да се бори со самиот себе. Савињо во овој момент е во подобра форма и игра пред него. Го сакам „стариот Џек“, мора да се бори за својата позиција. Секој ден, секој натпревар, секоја недела“, изјави Гвардиола.
🔵👀 Pep Guardiola on Savinho playing and not Grealish: “They have to compete and now Savinho is in better shape and everything than Jack, and that’s why I play Savinho!”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 5, 2025
“I wanted Jack for the Treble, yeah. But I try to be honest with myself, Savinho deserves”. pic.twitter.com/RS5XgQyvEx