Рашфорд одби дневна плата од 115.000 евра само за да остане во Манчестер Јунајтед!
Тој и покрај дневницата од неверојатни 115.000 евра дневно, донесе одлука да не го напушти „Олд Трафорд“. Тој сакал да го забрши својот договор со Јунајтед, кој трае до 2028 година, бидејќи неговата главна цел е повторно да го облече дресот на репрезентацијата на Англија. Иако има 60 настапи за националниот тим, Рашфорд не беше повикан да го облече дресот на „Гордиот Албион“ во последните девет месеци, поради што пропушти да биде дел од ланското Европско првенство. Неговата желба за репрезентативно враќање го мотивира да остане во форма во Премиер лигата, дури и по цена на одбивање на огромното богатство.
Аморим претходно изјави дека не смета на Рашфорд и дека клубот се обидел да го продаде во зимскиот преоден рок, но неговата решеност да остане ја комплицира ситуацијата.