Премиерот и министерот за спорт им посакаа среќа на ракометарите (ФОТО)
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот Борко Ристовски посетија тренинг на нашата репрезентација, на ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на престојното Светско првенство.
Селекторот Кирил Лазаров во знак на благодарност му подари дрес од Македонија на премиерот Христијан Мицкоски.