Дарко Димитриевски прогласен за играч на месецот во Аликанте
Доказ за тоа е признанието што го доби на почетокот од годината иако се однесува за последниот месец од 2024. Димитриевски е прогласен за најдобар играч на Аликанте во декември, тим кој ја заврши минатата година како лидер на табелата со 23 бода, исто колку и второпласираниот Сиудад Реал. На трите натпревари во декември, Димитриевски постигна вкупно 21 гол, убедливо најмногу од сите во својот тим.
Димитриевски има 31 година, а Аликанте е петти клуб за него во Шпанија, по Пуерто Сагунто, Адемар Леон, Синфин и Ваљадолид.