По осум години, Салах се враќа во Серија А!?

Иднината на Мохамед Салах е една од главните теми во европскиот фудбал последните денови откако египетскиот голгетер објави дека ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул.

За тоа каде би можел да ја продолжи кариерата, се зборуваше претходните денови, се шпекулираше со ПСЖ, па со Саудиска Арабија, а сега во приказната влегува и Јувентус. Наводно, торинскиот гигант бара напаѓач од светска класа со кој би можел повторно да ја покори Италија и да ја нападне титулата во Серија А, а како главна цел е посочен токму Салах, пред се затоа што е слободен играч и може бесплатно да се прсели во Јуве.

Ако тоа се оствари, Салах по осум години би се вратил во Серија А каде настапуваше за Фиорентина и Рома од 2015 до 2017 година.