Ѓоковиќ во два сета го прегази Монфис во Бризбејн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари уште една победа на турнирот во Бризбејн, откако го прегази Гаел Монфис со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3.

Ѓоковиќ одигра уште еден одличен натпревар против „стариот пациент“ и го совлада по 20. пат во кариерата, односно оствари триумф на секој од дуелите кога се сретнаа во кариерата.

За пласман во четвртфинале на Србинот му беа потребни 74 минути, а следен ривал му е Рајли Опелка.