Уште еден студен туш: Одбиено барањето на Барселона, Олмо останува надвор од тимот!

Meдиумите блиски до Барселона во текот на вчерашниот ден на големо повикувајќи се на извори од клубот тврдеа дека каталонскиот гигант го решил проблемот со регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, но не било така.

Ла Лига и Фудбалскиот сојуз на Шпанија денеска објавија официјално соопштение во кое потврдуваат дека барањето на Барселона е одбиено.

Иако Барселона доставила дополнителна документација проблем е правилото на Ла Лига кое вели дека на фудбалер кој му е прекината регистрацијата од било каква причина не може повторно да биде регистран во истата сезона.

Според одредени информации Ла Лига попуштила под жестокиот пристиок од останатите клубови, па не дозволила Барселона да ја искористи „дупката“ во законот и да го регистрира Олмо под „непредвидени околности“.

На Барселона сега и преостанува да оди на суд и тоа ќе го направи, но не треба да се заборави дека две жалби на каталонскиот гигант веќе беа одбиени.