Легендарниот Клајверт станува селектор?
Клајверт ќе потпише договор на две години со можност за продолжување на уште две, а официјалното претставување ќе го има на 12 јануари во Индонезија.
Индонезија во овој момент е на третото место во групата Ц од третата рунда во азиските квалификации за Мундијалот во 2026. Имаат шест бода на контото, еден помалку од второпласираната Австралија, но и еднаков број бодови со Саудиска Арабија, Бахерин и Кина, па така ќе се борат за второто место.
Како цел на Клајверт е поставен пласман на Светското првенство, а ако не успеат да бидат втори во групата, третото и четвртото место водат во четврта рунда квалификации од каде уште две репрезентации, првопласирани од две групи ќе одат на СП.
Во својата историја Индонезија досега само еднаш учествувала на Светско првенство и тоа во далечната 1938 година.