Познато новото руво на „Градски парк“: Сѐ ќе биде исто само за помалку гледачи (ФОТО)
Тој истакна дека скопјани ќе добијат модернизирана сала која е симбол на општината и на главниот град.
„Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка и достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела започнавме со првата фаза од реконструкцијата, која вклучува нова фасада, кров и реновирање на канцелариските простории што ги користеа спортските федерации. Работите се во полн ек, а во март се очекува да започне и втората фаза“, изјави Герасимовски.
Проектот предвидува адаптација на салата според стандардите на ФИБА, со нови седишта, соблекувални, туш кабини, како и инсталирање климатизација и подно греење. Со оваа реконструкција, клубот ќе добие можност за враќање на европската кошаркарска сцена.