Лазаров отпиша уште еден ракометар пред СП 2025

Македонската ракометна репрезентација продолжува со подготовките за Светското првенство (СП), а селекторот Кире Лазаров направи дополнителна промена во составот.

Од комбинација за настап на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка отпадна Михајло Младеновиќ кој игра на позицијата лев бек.

Македонија следниот тест го има против Хрватска на 8 јануари, а потоа следат возбудувањата од групната фаза на Мундијалот.

Првиот меч на ракометарите е закажан за 15 јануари против Унгарија, а два дена потоа ќе играат против Холандија, додека последниот натпревар од групата е закажан со Гвинеја на 19 јануари.