Манчестер јунајтед би можел да изгуби стотици милиони евра!?
Во моментов се наоѓаат на 14. место со 22 освоени бодови, односно седум повеќе од Ипсвич кој е во зоната за испаѓање, а притоа на „ѓаволите“ им се заканува црно сценарио.
Иако мала е веројатноста дека ќе се оствари такво нешто, сепак Јунајтед би можел да остане без стотици милиони евра од спонзорот со „Адидас“.
„Адидас“ и клубот потпишаа договор на 10 години вреден 900 милиони фунти, но „Телеграф“ пишува дека компанијата има право да го прекине договорот ако Јунајтед испадне во Чемпионшип.
Освен тоа, тимот останува без 10 милиони фунти секоја сезона во која не игра во Лигата на шампиони (ЛШ), па во идната наместо предвидените 90 милиони би можел да добие „само“ 35 милиони фунти.