Невреме може да го одложи дербито меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед!

Големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед кое треба да се одигра утре со почеток од 17:30, можно е да биде одложено поради снежно невреме во Англија.

Националната метеролошка служба на Англија предупреди дека регионот каде што е и Ливерпул утре ќе биде погоден од снежно невреме. Се очекува интензивен снег, придружен со источен ветар.

Невремето би можело да предизвика нарушување во сообраќајот, доцнење, па дури и откажување на летови и возови. Можно е птатници да останат заглавени, предупредуваат службите.

Предупредувањето одговара на „портокалов код“ за опасни временски услови кој ќе биде на сила од 21 часот вечерва до крајот на утрешниот ден.

Во текот на утрешниот ден ќе се знае дали дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед ќе биде одложен.

Поради слични временски услови претходно беше одложен и дуелот меѓу Евертон и Ливерпул кој требаше да се игра на 7 декемеври.