Модриќ мајсторски го насамари Белингам - соиграчите „паднаа“ од смеење (ВИДЕО)

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ (39) и покрај тоа што неговиот договор со Реал Мадрид завршува во јуни, останува целосно фокусиран на тренинзите и професионалните обврски во клубот.

На еден од последните тренинзи, во рамките на популарната игра „шева“, Хрватот успеа да го засрами својот соиграч, англиската ѕвезда Џуд Белингам (21). Иако технички може да му биде татко, искусниот фудбалер му одржа лекција на младиот репрезентативец. Модриќ мајсторски ја протна топката низ нозете на Англичанецот, а потоа му пристапи и шеговито му укажа дека во такви ситуации треба да ги затвори нозете. Настанот беше прифатен со насмевки и смеа од сите присутни, вклучувајќи го и Килијан Мбапе (26), кој беше особено импресиониран од потегот на Модриќ.

Реал Мадрид веќе се подготвува за следниот предизвик, кој ги чека утре на гостувањето кај Валенсија.