Најбогатиот тенисер во историјата има над 33 деца, а кума му е - Лепа Брена!

Една од темите за кои секогаш се разговара е за тоа кој има поголемо богатство кај спортистите, па многумина ги споменуваат Кристијано Роналдо и Лионел Меси во светот на фудбалот, додека кај тенисерите се споменуваат Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, меѓутоа најбогат во историјата е Јон Тириак, а неговата заработка се проценува на две милијарди долари.

Парите, сепак, не ги заработи само од тенисот, односно од турнирите. Во Минхен во 1970 година го освои турнирот, а потоа стигна и до пехарот во двојки на Ролан Гарос, но речиси сите пари ги заработи од бизниси.

Милијардерот остана во тенискиот свет, односно се пресели во Германија и стана агент на Борис Бекер, а потоа презема голем број лиценци и организацијата на турнири низ Европа.

Тириак беше успешен агент на многу тенисери, а од тоа заработи многу пари, по што основа приватна банка во Романија која се покажа како најдобар потег во неговиот живот. Богатството постојано растеше, а Јон го ширеше бизнисот, па така денес има околу 20.000 вработени.

„Форбс“ објави дека Тириак има колекција на автомобили и мотоцикли која содржи над 400 модели, а познат е и по донациите во хуманитарни цели, но исто така е познат како кум на познатата пејачка Лепа Брена.