Ѕвезда на Барселона: Ако не можам да играм, ќе го напуштам тимот!

Барселона во изминатите денови е главна тема во медиумите затоа што не може да го регистрира Дани Олмо поради финансиски проблеми, а сега каталонскиот гигант би можел да добие уште еден голем удар.

Френки Де Јонг е една од ѕвездите на тимот, но имаше сериозни проблеми со повреди и не знае дали ќе се врати на теренот и ќе добие шанса кај тренерот Ханси Флик.

„На почетокот, постојано мислите ми беа насочени кон повредата. Само тоа ми беше во главата. Ова беше многу тешка година за мене. Сакам да играм фудбал, но ќе видам дали клубот ме сака и ќе ми даде шанса. Ако не играм, тогаш ќе заминам од тимот“, кажа Де Јонг.

Холанѓанецот пристигна во Барселона во 2019 година, откако претходно играше за Ајакс.