
Голманот на Удинезе се соочува со четири годишна суспензија поради – жолт картон!
Причина за тоа е жолтиот картон што го доби во 64. минута од натпреварот против Лацио, одигран во март 2024 година. Тој беше санкциониран за одолжување на времето, но според извештаите на италијанските медиуми, овој настан бил предмет на невообичаено голем број обложувања, при што потоа биле исплатени над 120.000 евра.
Истрагата е веќе во рацете на надлежните органи, а „Кориере дело Спорт“ пишува дека ако вината му се докаже, голманот се соочува со долготрајна дисквалификација. Окоје (25) е роден во Германија и во кариерата настапуваше за Фортуна Диселдорф II, Спарта Ротердам и Ватфорд, пред да се приклучи на Удинезе. Во минатата сезона бранеше на 25 натпревари во Серија А, а за репрезентацијата на Нигерија има 16 настапи.