Голем проблем за Реал - без Белингам околу еден месец
Повредата не е минорна. Без да чека секунда подолго, тој беше подложен на тестови денеска попладне и резултатите се: скинат полутетивниот мускул на левата нога. Се стравуваше од најлошото и тоа е потврдено. Џуд ќе го пропушти двомечот против Бенфика од Лигата на шампионите и најмалку четири лигашки натпревари (Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе). Тој е сериозно под знак прашалник за Селта. Идејата е дека ќе биде подготвен за хипотетичкото осминафинале од Лигата на шампионите (10-11 март), но неговото отсуство ќе биде мошне тешко да се преброди.
Веќе следниот натпревар ќе биде голем предизвик за Реал. „Кралевите“ гостуваат кај Валенсија, а освен Белингам, ќе го нема и Винисиус кој денеска го доби петтиот жолт картон и ќе мора да го пропушти тој меч.