Јувентус одамна не бил вака ефикасен како последниот месец (ВИДЕО)
Со тоа, торинскиот тим ја продолжи ефикасната игра последниот месец во кој одигра пет натпревари и постигна вкупно 15 гола. Во тие пет меча, оствари четири победи и еден пораз, од Каљари во единствениот натпревар во кој не успеа да ја затресе противничката мрежа.
Денеска немаше многу дилеми околу победникот, а интересно е тоа што сите пет гола беа дело на фудбалерите на Јувентус. Бремер и Мекени погодија во првото полувреме, Камбијазо со автогол ја врати неизвесноста, но повторно Бремер и потоа Давид се погрижија за потврда на убедливата победа на Јувентус.
„Бјанконерите“ со тоа се искачија на четвртото место со два бода повеќе од Рома која утре ќе го одигра својот натпревар од 23. коло. Парма останува во долниот дел од табелата, но засега на безбедна далечина од местата кои водат во понизок ранг.