Соланке со „скорпион“ удар постигна гол и му одзема два бода на Манчестер Сити! (ВИДЕО)
Тимот на Пеп Гвардиола поведе уште во 11. минута со гол на Шерки, а до крајот на првото полувреме погодок даде и Семењо за предност на Сити од 2-0.
Во тие моменти се чинеше дека решено е прашањето за победникот, но во вториот дел ситуацијата комплетно се промени.
По осум минути игра во вториот дел Соланке даде гол и намали на 2-1.
А она најдоброто од Соланке се случи во 70. минута кога тој со скорпион удар погоди за конечни 2-2.