Волф не е нормален - спектакуларна одбрана со лизгачки старт! (ВИДЕО)

Германија го загуби финалето од Данска и покрај тоа што голманот Волф правеше чуда на голот на Германците и покажувајќи зошто е најскапиот.

Волф имаше две импресивни одбрани по ред, најпрво фати една топка со високо крената нога и отиде накај клупата. Неговите соиграчи ја загубија топката и Данците се обидоа да дадат гол на празна мрежа, сепак Волф се фрли со лизгачки старт и повторно одбрани со нога. Лудо.