Хрватска ја доби драмата со Исланд и освои бронза на ЕП!

Ракометната репрезентација на Хрватска го освои третото место на Европското првенство откако во меч со драматична завршница ја совлада селекцијата на Исланд со 34-33.

Хрватска по вторпат го победи Исланд на ова Европско првенство и покажа дека е подобра од оваа репрезентација.

Хрватите се соочуваа со големи проблеми како умор, болест, повреди, но собраа сили и дојдоа до бронзата.

Коцкестите водеа во текот на целиот меч, во еден момент од првото полувреме имаа и највисоки шест голови предност, но во завршницата Исланд успеа да стигне до -1. Сепак Хрватска не дозволи да ја пропушти предноста и на крајот дојде до победата од 34-33.

Најдобар на теренот беше ракометарот на Исланд, Магнусон кој постигна дури 12 голови, кај Хрватска Лучин постигна девет погодоци.