Драма и тензија во Мадрид: Реал со гол од пенал во 99. минута до победа (ВИДЕО)

Реал Мадридд многу потешко од очекувањата со гол од пенал во 99. минута го победи Рајо Ваљекано со 2-1 во рамките од 22. коло во Ла Лига.

Уште пред почетокот на натпреварот фудбалерите на Реал Мадрид можеа да го почувствуваат незадоволството на навивачите кои испратија свирежи од трибините. Но, исто така со проблеми се соочија и на теренот многу брзо.

По само десет минути игра Џуд Белингам заработи повреда и тоа без контакт со противнички фудбалер мораше да биде заменет и на негово место во игра влезе Брахим Дијаз.

Ситуацијата на стадионот сепак се промени само пет минути по повредатта на Белингам кога Винсиус Жуниор го доведе својот тим во водство. Тоа беше и единствениот гол во првиот дел. Проблемите за Реал се вратија на стартот од вториот дел кога Де Фрутос погоди за израмнување.

Рајо имаше и голема прилика да дојде до целосен пресврт, но Куртоа одбрани зицер, доддека на спротивната страна Килијан Мбапе го имаше едно од најголемите промашувања во кариерата и не погоди празен гол. Треба да се каже и дека исклучување кај гостите заработи Цис во 80-тата минута, сосема заслужено откако грубо стартуваше над Себаљос.

Во таква ситуација играта целосно се префрли пред голот на Рајо, погодена беше и стативата, а потоа во последните моменти Менди стартуваше во шеснаесетникот, Реал доби пенал, а Мабпе го претвори во гол за победа. Рајо потоа остана и со уште еден играч помалку откако Чаварија ги загуби нервите и го турна Родриго.