Луда коинциденција со првиот трофеј во Мелбурн на Алкараз, Синер, Надал и Федерер

Шпанецот, Карлос Алкараз денеска ја освои својата прва титула на Австралија опен и до неа стигна на 22 години и во петтото директно учество во главниот ждреб.

Но, интересно е што токму на таа возраст и исто така од своето петто учество првата титула ја освојувале и: Роџер Федерер, Рафаел Надал и Јанк Синер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tennis TV (@tennistv)

Треба да се каже и дека Алкараз со трофејот стана најмладиот тенисер во историјата кој успеал да ги освои сите четири најголеми турнири во: Мелбурн, Њујорк, Париз и Вимблдон.

Ќе потсетиме, најтрофеен на Австралија опен е Новак Ѓоковиќ со 10 титули, денешниот пораз од Алкараз беше прв пораз за Ѓоковиќ во едно финале на овој турнир.