Паз во 98. минута промаши пенал, Аталанта со играч помалку издржа во Комо! (ВИДЕО)
Гостите од Бергамо уште во осмата минута добија црвен картон откако Аханор беше исклучен од игра.
Од тој момент почна доминацијата на Комо кој имаше 80 проценти од поседот на топката и упати дури 28 шута од кои девет во рамките од голот.
Кога судијата свирна пенал длабоко во судиското продолжение се чинеше дека Комо сепак ќе дојде до трите бода, но Нико Паз не реализираше од белата точка.