Избран ол-стар тимот: За првпат Данец е МВП на ЕП!

Пред денешното финале на Европското првенство избран е и ол-стар тимот на Европското првенство.

Идеалниот тим е составен од ракометари од шест различни репрезентации, а секако свои претставници имаат и финалистите Данска и Германија.

За најкорисен играч на шампионатот прогласен е Матијас Гидсел, а интересно е што тој стана првиот дански ракометар кој го освоил ова признание на едно Европско првенство.

Голман: Андреас Волф (Германија)

Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)

Лев бек: Симон Питлик (Данска)

Среден бек: Гисли Кристјансон (Исланд)

Десен бек: Франциско Кошта (Португалија)

Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)

Пивот: Јоханес Гола (Германија)

Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)

Најдобар млад играч: Франциско Кошта (Португалија)

МВП: Матијас Гидсел (Данска)

Финалето е закажано за од 18:00 часот, а претходно од 15:15, Исланд и Хрватска ќе се соочат во битката за трето место.