Белингам нема среќа: Во солзи го напушти натпреварот против Рајо

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам нема среќа, денеска заработи нова повреда која може и подолго време да го одалечи од теренот.

Во натпрееварот противв Рајо Ваљекано, Белингам мораше да биде заменет по само десет минути кога на негово место Арбело во игра го испрати Брахим Дијаз. Навивачите посебно може да ги загрижува тоа што повредата на Белингам дојде без контакт со противнички фудбалер.

Белингам во еден трк на теренот само се фати за задната ложа и седна на теренот сигнализирајќи дека не може да продолжи.

Свесен дека можеби станува збор за нешто сериозно беше и самиот Белингам кој во солзи го напушти теренот.