Aлкараз го освои трофејот во Мелбурн, па му се поклони на Ѓоковиќ
Шпанскиот тенисер призна дека тоа што го правел Новак низ години е нешто што го инспирирало.
„Најпрво сакам да му се обратам на Новак, тој апсолутно заслужува овации. Ти велиш дека јас правам извонредни работи, но тоа што ти го правиш е навистина инспиративно. Не само за тенисерите, туку за сите спортисти и за сите луѓе во светот, а особено за мене. Работиш напорно секој ден, каде и да се појавиш, играш неверојатен тенис и јас навистина уживам да те гледам како играш. Чест ми е што го делам теренот со тебе,. Ти благодарам за сè што правиш, бидејќи тоа навистина ме инспирира“, изјави Алкараз.
Потоа се осврна и на своето големо достигнување.
„Никој не знае колку напорно работев за да стигнам до овој трофеј. Овој момент го посакував многу долго. Во претсезоната поминав низ вистински емотивен ролеркостер. Пред доаѓањето во Австралија се исклучивме од сите коментари и едноставно работевме. Ме туркавте секој ден да го дадам максимумот и навистина сум ви благодарен за тоа. Благодарен сум на сите кои се покрај мене. Овој трофеј е и ваш“, порача шпанскиот тенисер.
Алкараз за трофејот во Мелбурн испиша и историја како најмлад тенисер кој покрај трофејот тука триумфирал и во: Њујорк, Париз и Вимблдон.