Ѓоковиќ по поразот од Алкараз имаше што да му каже и на Надал
Надал се најде во центарот на вниманието и по една реакција кога Ѓоковиќ го освои првиот сет. Ѓоковиќ призна дека му е чудно што Надал го гледа на трибините, а не на теренот.
„Тешко е што те гледам таму горе, а не тука на теренот. Беше чест што толку години го делевме теренот пред толку многу гледачи. Ми беше навистина чест и задоволство“, изјави Новак.
Имаше сили српскиот тенисер и да се пошегува.
„Тука има многу шпански легенди и мислам дека тоа не е фер. Јас имав подготвено шампионски говор, не бев подготвен за ова па не знам што да кажам“, се пoшегува Ѓоковиќ.
Призна и дека вербаата која ја има во себе е тоа што го води низ годините.
„Кога се обидувате да играте на ова ниво со играч како Алкараз морате да имате верба во себе, ако не размислував така, немаше сега да сум тука“.
Овој освоен трофеј за Алкараз беше прв во кариерата на Австралија опен со што стана и најмладиот тенисер кој ги комплетирал четирите најголеми турнири (Њујорк, Мелбурн, Париз и Вимблдон).