Уште една голема УФЦ победа на Волкановски – осма во борбите за титула (ФОТО+ВИДЕО)

Александар Волкановски уште еднаш потврди дека е недопирлив во перолесната категорија на УФЦ, откако по осми пат во кариерата славеше во борба за шампионскиот појас.

Австралиецот со македонско потекло триумфираше против предизвикувачот Диего Лопес на настанот УФЦ 325, кој се одржа во Сиднеј. Волкановски до победата стигна со едногласна одлука на судиите по контролирана и сигурна борба во октагонот. Ова беше нивен втор меѓусебен дуел, а исходот беше идентичен како и првиот – победа на Волкановски со судиска одлука.

Австралискиот Македонецо со 37 години дополнително испиша историја и стана најстариот шампион во перолесната категорија на УФЦ.

ФОТО: EPA PHOTO