Алкараз освои рекордна награда во Мелбурн, но веднаш ќе врати дел од парите

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска првпат во кариерата триумфираше на Австралија опен, а со трофејот дојде и до богата награда од 4.15 милионни австралиски долари (околу 2.43 милиони евра), но Шпанецот нема да ги добие сите пари.

Оваа награда е и досега најголема во историјатаа на турнирот и во однос на минатата има зголемување од 19%, сепак Алкараз ќе мора да врати дел од средствата кои ќе одат директно во буџетот на државата.

Данокот кој треба да го плати Алкараз не го одредуваат тениските федерации, туку државата. Во Австралија тој изнесува 32.5%. Тоа е 1.3 милиони австралиски долари или 790.000 евра.