Јакимовски меѓу најдобрите во сензационалната победа на Тренто

Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Тренто оствари сензационална победа откако вечерва како гостин го шампионот на Италија, Виртус со 87-85.

Тимот од Болоња до ова коло беше и лидер на табелата во првенството пред ова коло, што дава дополнителна тежина на триумфот на гостинскиот тим. Виртус се наоѓаше во водство безмалку цел натпревар, во последната четвртина имаше и +11, но Тренто не се откажа и дојде до големата победа.

Со серија 14-2 се доближи на 77-78, а кога Виртус отиде на 85-79, Тренто го заврши мечот со осум поени по ред, вклучувајќи го и победничката тројка на Калиф Бетл на точно една минута пред крајот. Во последните напади двете екипи не успеаја да поентираат и Виртус мораше да му честита на гостинскиот тим.

Репрезентативецот на Македонија, Андреј Јакимовски повторно одигра добар натпревар и беше еден од четворицата двоцифрени во својот тим. За 32 минути во игра постигна 12 поени и четири скока, со шут за два 2/6, за три 2/4 и од линијата за слободни фрлања 2/2.