
Ѓокереш сè уште не заиграл, а веќе урна рекорд во Арсенал
Напаѓачот го избра дресот со број 14, кој веднаш почна да се продава и за неколку дена беше поставен рекорд во продажба на дресови.
Арсенал на навивачите им понуди бесплатно печатење на името на Ѓокереш на дресовите, а тоа се покажа како одличен потег и навивачите во рекорден број го купуваа.
Швеѓанецот доаѓа во одлична форма во Лондон, откако претходно постигна 97 голови на 102 настапи за Спортинг Лисабон.
Фото: Facebook/Fabrizio Romano