Гери Невил чекаше и дочека – да му фати сеир на Пеп Гвардиола (ФОТО)
Последната победа на англискиот шампион датира од октомври, што ја влошува ситуацијата пред густото натпреварувачко темпо во декември. Додека Манчестер Сити се обидува да ја врати формата, легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, не пропушти можност да му фати сеир на Гвардиола.
Легендата на „ѓаволите“, кој е ко-сопственик на Салфорд Сити, клуб што ќе игра против Сити во третото коло од ФА Купот, саркастично реагираше по ждрепката. Користејќи фраза популарна кај навивачите на Ливерпул изминатиот викенд, Невил ги охрабри поддржувачите на Салфорд да пеат против Гвардиола.
„Ќе биде отпуштен наредното утро… Салфорд Сити“, напиша Невил
Ситуацијата за Гвардиола станува сè потешка, а Невил, како и многу други, продолжува да ја следи кризата со голем интерес и не баш мала доза на иронија.