
Георгина откри уште колку ќе игра Роналдо (ВИДЕО)
Јасно е дека португалскиот ас се наоѓа на залезот на својата кариера, има 39 години, но веројатно ќе го гледаме уште извесен период на терените.
„Кристијано уште една година, потоа е готово. Можеби две, не знам“, вели Георгина.
Летово Роналдо ќе го игра своето шесто европско првенство во кариерата, а одамна е познато дека сака кариерата да ја заврши на Мундијалот во 2026 година.