Газдата на Наполи му посака добредојде на Елмас – се пофали со потпишаниот договор (ФОТО)

Контроверзниот газда на италијанскиот вицепрвак Наполи, Аурелио Де Лаурентис се пофали со својата најнова аквизиција – макеоднскиот бисер Елиф Елмас.

Елмас денеска го потпиша петгодишниот договор вреден 7,5 милиони евра и Де Лаурентис му посака добредојде на играчот за врска и наш репрезентативец. Елмас ќе заработува 1,3 милиони евра во првата сезона, а 1,7 милиони во последната 2023/24 според договорот.

„Добредојде Елиф во Наполи“, објави Де Лаурентис со слика од потписот на договорот со македонскиот фудбалер.

Де Лаурентис се пофали зашто успеа да го ангажира екстраталентираниот фудбалер победувајќи во силна и сериозна конкуренција на ривали, кои исто така се бореа за да го добијат македонскиот фудбалер.