
Гави е 16 години помлад, ама сепак му „грми“ на Левандовски (ВИДЕО)
Своите лидерски способности, младиот играч за врска ги покажува уште откако е стандарден член на првиот тим, а дека годините за него се само бројка, покажа моментот од натпреварот против Севиља, одигран во петокот на Монтжуик. Иако е 16 години помлад од Роберт Левандовски, Гави не го штеди својот далеку пославен соиграч и знае да му „згрми“ на теренот.
„Роберт, по ѓаволите. Не ни треба (фаул) тука“, фатен е Гави како вика по Левандовски, притоа нервозно гестикулирајќи.
Интересно е тоа што Левандовски не ги сфаќа како навреда критиките од помладиот соиграч и не влегува во расправија со него.